Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еурофарм Пелистер ги прекина тренинзите во текот на денешниот ден, откако на тестирањето се покажало дека има неколку позитивни резултати на ковид-19.
Македонскиот тим кој се натпреварува во Лига Европа, испрати барање до ЕХФ за да се одложи мечот против Кадетен Шафхаузен, кој претходно беше закажан за 17 ноември во Битола.
Битолската екипа соопшти дека ќе внимава на сите протоколи и позитивните членови ќе одат во самоизолација, а исто така тие не чувствуваат симптоми на коронавирусот.
Еурофарм Пелистер досега одигра само еден меч во Лига Европа и загуби со 29-30 од ГОГ.