Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За само осум дена Македонија и Грузија во Тблиси ќе го играат историскиот бараж за пласман на Европското првенство, по што ќе дознаеме дали нашите репрезентативци ќе го минат и последниот тест.
И за нас и за Грузијците остана само уште тој еден чекор. На осум дена пред овој натпревар медиумите во Гризија зборуваше голманот на овој тим Гиорги Лориа.
„Цела Грузија е во еуфорија и го чека овој натпревар, сите веруваат дека можеме да победиме. Ова не е обичен меч во кој ќе победи подобриот, ова е финале и за него треба посебна подготвка. Не чека тежок натпревар на нерви, дуел во кој секој резултат е можен, може да има и пенали…Многу фактори ќе решаваат. На крајот најважно е да се дојде до целта, на кој начин ќе биде тоа не е важно“.
Македонија и Гурзија неодамна во рамки од новата сезона во Лигата на Нации одиграа два натпревари, еден во Тблиси и еден во Скопје, двата завршија без победник.
„Во претходните два натпревари покажавме дека имаме потенцијал да ја победиме Македонија. Во Скопје заслуживме три бода и да не беше тој пенал во последните моменти ќе победевме. Верувам дека ако дадеме се од себе можеме да ја победиме Македонија“, изјави Лориа.