Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот голман Даниел Божиновски, кој беше повикан од селекторот Игор Ангеловски како четврти голман во репрезентацијата, е позитивен на коронавирус.
Голманот на Силекс вчера пристигна во Скопје по натпреварот за Силекс против Македонија Ѓ.П и на тестирањето неговиот резултат се покажа како позитивен. Божиновски немал контакт со останатите играчи од репрезентацијата.
„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи, изјави Даниел Божиновски.