Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Мохамед Салах е позитивен на коронавирус, а информацијата ја птоврди фудбалската асоцијација на Египет.
Салах во Египет требаше да заигра за репрезентацијата во Купот на африканските нации, но ќе го пропушти мечот против Того.
Фудбалскиот сојуз на Египет потврди дека ѕвездата на Ливерпул е позитивна на тестовите, но дека нема никакви симптоми.
Поради тоа Салах ќе мора да биде во самоизолација, а најверојатно ќе го пропушти и следниот натпревар против Лестер во Премиерлигата на 21 ноември.
Британски „Сан“ објави дека фудбалерот пред неколку дена присуствувал на венчавката на неговиот брат, па најверојатно таму се заразил со вирусот.