Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија избори пласман на Европско првенство (ЕП) и конечно им го исполни сонот на многу генерации, кои се надеваа дека нашите фудбалери ќе заиграат на едно големо натпреварување.
Напаѓчот Иван Тричковски настапува за АЕК Ларнака, а во интервју за грчкиот медиум „Газета.гр“ им објасни на нашите јужни соседи како Македонија за пет години стана тим кој победува.
„20 години ние не бевме ниту блиску до ЕП, а сега ќе играме на него. Во минатото не се надевавме дека можеме да оствариме вакво нешто. Пред пет години бевме 100 места полоши на ФИФА од сега, ова е историја и треба да уживаме. Нема да застанеме, секој сега ќе не гледа со респект. Со доаѓањето на Игор Ангеловски и враќањето на Пандев во репрезентацијата започнавме да градиме победнички карактер“, вели Тричковски.
Тричковски зборуваше и за Пандев, а притоа имаше и што да каже.
„За Пандев можеме да зборуваме со денови и пак да останат недокажани работи. Тој во Македонија е фудбалски бог, легенда. Освои се во кариерата и толку многу сакаше да игра со Македонија на ЕП, излезе на теренот и на свои плеќи го изнесе мечот, постигна гол и не одведе на ЕП“, додаде тој.