АТП му честиташе на Ѓоковиќ, а сите се прашуваат – од кога Хамилтон игра тенис? ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон минатиот викенд ја освои седмата титула во „најбрзиот циркус“ и секако заслужи голем број пофалби, но навивачите се прашуваат каква врска има тоа со тенисот.

АТП вчера привлече големо внимание со честитката до Новак Ѓоковиќ, кој доби трофеј за обезбедено прво место на крајот на годината, а тоа му успеа по шести пат, со што го достигна Пит Сампрас.

И наместо АТП на социјалните мрежи да му честита само на Ѓоковиќ, тие му честитаа и на Хамилтон, по што навивачите во коментари прашаа каква била потребата од тоа Србинот и Британецот да се ставаат во ист контекст.

Секако, успехот на Хамилтон е неоспорен, но навистина чуден потег на АТП.