„Настапот на Македонија на ЕП ќе биде како Волксфаген Буба да се трка во Формула 1“

Македонија се пласираше на Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи следното лето во јуни, а откако добивме многу пофалби за нашиот успех, се јавија и такви кои ја критикуваа нашата селекција.

Еден од нив беше Питер Вандебемпт, белгиски новинар, кој е разочаран затоа што Македонија ќе игра на ЕП. Според него, ние немаме квалитет за такво нешто.

„Горан Пандев има зад себе неверојатна кариера, но човекот има 37 години. И сега видете кои се пласираа на ЕП, Северна Ирска и Македонија. Можеби од една страна е добро, но од друга страна е смешно затоа што тоа е како да пуштите Волксфаген Буба на трка во Формула 1. Ова со Лигата на нации е навистина смешно“, кажа белгискиот новинар, кој прерано ги потцени двете селекции.