Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Пеп Гвардиола ќе остане тренер на Манчестер сити. Тимот од синиот дел на Манчестер потврди дека ја продолжил соработката со искусниот стратег до 2023 година.
Двете страни го покажаа задволството поради потписот на нов договор, а Пеп кажа дека очекува нови успеси во иднина со екипата од Манчестер.
„Откако пристигнав тука чувствував пријатна атмосфера. Постигнавме многу работи, освоивме трофеи, победувавме и горд сум на тој успех. Таква поддршка е нешто најдобро што тренер може да го има. Го имам тоа што е потребно и благодарен сум им на луѓето од клубот, кои покажаа желба да бидам тука уште две години. Пред нас е предизвика да напредуваме и возбуден сум поради тоа“, кажа Пеп.