Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијан Ериксен на почетокот на годината го засили Интер, каде што пристигна од Тотенхем, но досега понуди само разочарувања со оглед на тоа колку се очекуваше од него.
Ериксен не е во најдобри односни ниту со тренерот на Интер, Антонио Конте, зашто е незадоволен со минутажата откако пристигна во Милано.
Италијанските медиуми пишуваат дека Интер во моментов има три понуди од екипи, а интересно е тоа што тимовите сакаат размена на играчи, а очигледно екипата од Милано нема ништо против тоа.
Арсенал за Ериксен го нуди Гранит Џака, додека Манчестер јунајтед го понуди Фред во замена за Данецот. Но, наводно тој е блиску до ПСЖ, кој го нуди Леандро Паредес, а таа опција најмногу му одговара и на Интер.