Зидан конечно доби добри вести пред дербито со Интер!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дозна добри вести пред дербито со Интер во рамки на Лигата на шампиони.

На новото тестирање, Касемиро добил негативен резултат и тој ќе патува со екипата во Милано, каде што најверојатно ќе добие шанса во важниот дуел со Интер.

Зидан нема да може да смета на повредениот Карим Бензема, како и на Лука Јовиќ, кој е позитивен на ковид-19, па ќе мора најверојатно да игра со Мариано Диаз во нападот.

„Кралевите“ ќе имаат големи проблеми во нападот, но веруваат дека може да дојдат до позитивен резултат на натпреварот, кој се игра в среда.