Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Марио Балотели е блиску до нов трансфер. Поранешниот напаѓач на Интер, Милан, Манчестер сити, Ливерпул и други тимови е блиску до преселба во Бразил.
Веќе некое време се најавува како големо засилување на Васко де Гама, а тоа го потврди и спортскиот директор Фабио Кордели.
„Балотели сака да дојде тука, не заборавајте дека Васко е вториот најтрофеен клуб во светот по Реал Мадрид. Не мислам дека Марио ќе дојде во Рио да прави глуопсти. Официјално, не може никого да ангажираме, но имавме контакт. Формално, се договоривме. Се надевам дека трансферот ќе се реализира на 15 јануари. За нашите навивачи ќе биде како Марадона“, кажа директорот.
Балотели нема одиграно ниту еден меч уште од март, а потоа се раздели и со Бреша.