Одговор од Неапол за Марадона: Ако Песото беше кај нас, немаше да скокне од зграда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона почина пред една недела, но и понатаму се откриваат детали за неговиот живот во медиумите.

Марадона во Италија го носеше дресот на Наполи, но легендата на Јувентус, Антонио Кабрини пред неколку дена кажа нешто што ги крена сите на нозе во Неапол.

„Ако Диего играше за Јувентус сега ќе беше жив“, кажа Кабрини.

Сега на Кабрини му одговори поранешниот претседател на Наполи, Корадо Ферлаино.

„Оној играчот кој се обиде да си го одземе живтот фрлајќи се од зграда, како се викаше? Песото, така е. Ако играше за Наполи немаше да се фрли од зграда“, одговори Ферлаино.

Песото во 2006 година се фрли од четвртиот кат од седиштето на Јувентус, зашто тимот беше казнет со одземање на две титули во Серија А.