Го чекаше овој момент: Тевез даде гол за Марадона и повеќе ништо не беше важно! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карлос Тевез ја однесе Бока јуниорс до триумф во осминафиналето на Копа Либертадорес на гостувањето кај Интернасионал.

Легендарниот напаѓач го постигна единствениот гол на мечот, а решавачкиот момент се случи во 63. минута, кога Тевез мајсторски се снајде во противничкиот простор.

Тевез голот го посвети на Диего Марадона, легендата на аргентинскиот фудбал, кој почина минатата недела на 60-годишна возраст од срцев удар во својот дом.

Напаѓачот го соблече дресот, а под него беше „десетката“ на Марадона, која ја носеше во Бока, по што ја бакна капитенската лента на која беше фотографија од еден од најдобрите фудбалери во историјата.