Претседателот на ПСЖ пристигна во Барселона по потписот на Меси!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По неколку месеци шпекулации за тоа каде ќе замине Лионел Меси, сега светските медиуми пишуваат дека следна дестинација на Аргентинецот ќе му биде ПСЖ, каде што би можел повторно да соработува со Нејмар.

Нејмар е одговорен за овие шпекулации, зашто кажа дека би сакал да игра повторно покрај Меси, а ако му ја исполнат таа желба, тогаш Бразилецот ќе го продолжи договорот со парижаните.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи на француски новинар му кажа дека во моментов е во Барселона затоа не може да му одговори на прашањето дали ќе тргне по потписот на Меси.

Сепак, потоа француските медиуми објавија дека наводно станувало збор за шега, а Ал Келаифи бил во Лондон.