Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерите на Манчестер сити и Ливерпул, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола постојано го критикуваат густиот распоред на натпревари и неверојатниот ритам.
Клоп и Гвардиола сметаат дека ова е тежок ритам за било кој тим во Европа и дека поради тоа се соочуваат со многу проблеми со повреди.
Меѓутоа, Жозе Мурињо реши да ги нападне и двајцата поради нивните критики. Тој вели дека не му е јасно зошто Гвардиола и Клоп се жалат на тоа сега, а зошто ништо не кажаа кога Тотенхем имаше густ распоред на почетокот на сезонава.
„Ние во еден период одигравме четири натпревари во една недела. Тогаш не слушнав некој да „плаче“ и да се жали или пак да не поддржи, а сега се прилично гласни“, кажа Мурињо.