Тренерот на ПСЖ со „дипломатски“ одговор на прашањето за ангажман на Меси

Француските медиуми постојано шпекулираат дека Лионел Меси ќе се пресели во ПСЖ. Тоа може да се случи на крајот на сезонава, а во прилог на тоа се и караниците на Аргентинецот со управата на Барселона.

И Нејмар кажа дека сака да заигра со Меси следната сезона, а сега прашање на оваа тема доби и тренерот на парижаните, Томас Тухел.

„Не сакам да зборувам за Меси поради тоа што тој не е фудбалер на мојот тим и имам голема почит кон нго и Барселона. Немам што да кажам на оваа тема“, кажа Тухел.

Договорот на Меси со Барселона трае до крјаот на сезоната, а наводно од каталонскиот гигант вршат притисок Аргентинецот да потпише нов договор.