Наполи одбил четири понуди за Елмас: Немаме намера да преговараме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас привлече интерес на многу екипи, па денеска се појави шпекулација дека би можел да го засили тимот на Бенфика поради тоа што не добива голема минутажа во Наполи.

По шпекулациите дека Бенфика ќе тргне по потписот на Елмас, се јави и Џинтоли, кој кажа дека тимот одбил четири понуди досега, и тоа од Бенфика, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Лидс.

„За Елмас не преговараме, ниту пак имаме намера за такво нешто, тој ќе остане во Наполи. После инвестицијата од 16 милиони евра после две години имавме понуди од 25-26 милиони евра. Бенфика, Лидс, Борусија Менхегладбај и Борусија Дортмунд се клубовите кои испраќаа понуди за Елмас“, кажа Џинтоли.

Ќе потсетиме, Елмас во Наполи дојде од Фенербахче за 16 милиони евра.