Пирло: Не е фер новата одлука да се преигра мечот против Наполи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло даде коментар за одлуката на Италијанскиот олимписки комитет, кој ја поништи нивната службена победа од 3-0 против Наполи и дербито ќе мора да се преигра.

Јувентус вчера имаше хорор ден затоа што прво беше решено да им се одземе службената победа, а потоа загуби од Фиорентина со убедливи 0-3.

Пирло се изнервира по одлуката на италијанскиот олимписки комитет и порача дека не е фер ова што им се случува на „бјанконерите“.

„Не е проблем за нас што ќе играме против Наполи. Разочаран сум што тимови кои имаа поголеми проблеми со Ковид-19 играа и кога им отсуствуваа повеќе играчи. Не зборувам дали одлуката е правилна или не, но не е фер кон клубовите кои си ги играа своите натпревари“, изјави Пирло.