Просинечки се јави по шпекулациите дека ќе биде селектор на Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српски „Курир“ вчера објави дека Роберт Просинечки почнал преговори со Македонија и наскоро ќе биде промовиран во нов селектор, но такво нешто очигледно нема да се случи.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) прва се јави со демант, а сега реагираше и Просинечки, кој вели дека првпат слушнал за такво нешто.

„Искрено, првпат слушам од вас, ниту некој ме контактирал, ниту пак сум прочитал. Не сум разговарал со никого од Фудбалската Федерација на Македонија. Откако се вратив од Турција дома сум во Загреб и нема други новости“, кажа Просинечки.

Секако, со ваква опција не се согласува македонската јавност, која сака Игор Ангеловски да остане на кормилото на Македонија и да ја предводи на Европското првенство.