Англија гори: Погба го тераше Шо со сила да изнуди пенал!

Францускиот репрезентативец Пол Погба синоќа изнуди пенал за Манчестер јунајтед против Астон вила. Тој падна во казнениот простор по дуелот со Даглас Луиз, а судијата покажа на белата точка.

Само неколку моменти претходно се случи интересна ситуација. Лук Шо помина по левата страна и имаше контакт со фудбалер на Астон вила.

Шо не падна, а Погба се изнервира и го праша зошто не се обидел да изнуди пенал и му покажа дека требал да падне, а камерата го сними моментот.