Куман даде коментар за одлуката на Меси и неговата иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за потенцијалното заминување на Лионел Меси, кој од вчера има право да преговара со другите тимови.

Меси има договор до следното лето, по што ќе стане слободен фудбалер и ќе може бесплатно да се пресели во друг клуб.

„Меси е добар, тренираше на 30. и 31. декември, кога останатите имаа прослави. Се чувствува добро, подготвен е и сака да игра. Треба да ја согледате целата ситуација. Како и секој играч на кој му истекува договорот, слободен е сам да одлучи како сака. Ќе ја почитувам секоја одлука, не сме поради тоа нервозни или загрижени“, кажа Куман.

Најверојатно Меси ќе реши за неговата иднина по 24 јануари, кога ќе бидат претседателските избори.