Вујовиќ најде нов работа – ќе го предводи тимот на Борац од Бања Лука!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Легендарниот тренер Веселин Вујовиќ повторно се враќа во акција, па во иднина ќе работи во босанскиот тим Борац од Бања Лука.

Босанските медиуми ја објавија изјавата на Вујовиќ, со која потврди дека во следните шест месеци ќе остане на кормилото на Борац.

„Се трудевме да ја сокриеме информацијата од јавноста, но не успеавме. Се договорив за шестмесечна соработка со Борац. Штом сакаш да го земеш Веселин Вујовиќ, тоа покажува дека немаш мали амбиции. Разговаравме за подолг договор, но на крајот се договоривме дека шест месеци се доволни за почеток“, кажа Вујовиќ.