Занети откри зошто Брозовиќ беше отстранет за натпреварот против Јувентус


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Аргентинецот ја откри позадината на приказната.

    Легендарниот фудбалер на Интер и актуелен потпретседател, Хавиер Занети отри што се крие зад случајот со Марсело Брозовиќ.

    Хрватсиот репрезентативец беше отстранет од екипата за натпреварот против Јувентус, а Занети ги откри причините за таквата одлука.

    „Брозовиќ беше незадоволен поради променената на полувремето во натпреварот во Лигата на Европа, па сакаше да го напушти стадионот. Поради овој гест беше отстранет од тимот пред натпреварот против Јувентус“, изјави Занети.

    „Постојат одредени правила во секој клуб. Пред се, секој играч во секој момент мора да го почитува Интер, како и своите соиграчи. Доколку Брозовиќ сака да продолжи да гради со нас тоа што го започнавме, нашите врати се отворени, но сега тоа зависи од него“, додаде Занети.