Неверојатна снежна бура: Одложен е мечот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Мадрид го погоди најголемата снежна бура во претходните 50 години, која предизвика големи проблеми.

Екипата на Реал Мадрид речиси четири часа мина на аеродромот пред летот, но таква среќа немаа фудбалерите на Атлетик Билбао.

Билбао требаше денеска да игра на гости против Атлетико Мадрид, но фудбалерите на клубот не успеаа да стигнат до главниот град на Шпанија, зашто авионот не можеше да слета на аеродромот во Мадрид.

Клубовите и управата на Ла Лига на крајот реши да се одложи мечот, а нов термин наскоро ќе биде договорен.