Казинс не го штедеше Харден и го обвини пред американските медиуми!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џејмс Харден си замина од Хјустон и го засили Бруклин нетс, па преку ноќ екипата стана фаворит за титулата во НБА-лигата.

По трејдот зборуваше центарот на Хјустон, Демаркус Казинс, кој имаше што да каже за односот на Харден кон неговиот поранешен клуб.

„Очигледно, Харден покажа непочит, но секој има право на свое мислење. Ние имаме одреден став поради некои негови постапки. Ова е грозниот дел од бизнисот и со тоа мора да се соочите. Кога сте главен кошаркар во франшиза, тогаш разделбите може да бидат многу грозни“, вели Казинс.