Падна Чиле на колена: Македонија оди во главна фаза на СП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ќе игра во втората фаза на Светското првенство (СП) во Египет, откако денеска триумфираше против Чиле со 32-29.

Македонските ракометари повторно одиграа лошо прво полувреме во кое Чиле ја одржуваше предност од два гола, а на полувреме Македонија замина со негатива од еден гол (16-17).

Во второто полувреме Македонија направи пресврт (18-17), по што Чиле успеваше неколку пати да израмни (22-22).

Потоа Македонија влезе во серија и со неколку голови избега на 27-23. До крајот на мечот ја одржувавме предноста и триумфиравме со 32-29.