Јувентус во сериозни проблеми пред финалето во Суперкупот

Тренерот Андреа Пирло се соочува со големи проблеми пред мечот против Наполи во финалето на Суперкупот на Италија.

Пирло нема да може да смета на неколку фудбалери, меѓу кои и Паоло Дибала кој се повреди пред десетина дена во натпреварот со Сасуоло, а од Ковид-19 не се опоравил и Матијас Де Лихт. Пирло утре нема да смета уште на: Алекс Сандро, Хуан Квардадо и Мерих Демирал. Како што може да се забележи најмногу играчи недостасуваат од одбраната.

Мечот се игра во среда со почеток од 21:00 часот, а ќе видиме кај кого ќе заврши трофејот кој во овој момент е во сопственост на Лацио.