Кјелини можел да игра во Англија: Бев глупав што ја одбив понудата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џорџо Кјелини во моментов настапува за Јувентус, но вели дека жали затоа што не се преселил во Премиерлигата, односно во тимот на Арсенал.

Арсенал пред 20 години имал понуда за Кјелини, кој тогаш настапуваше за Ливорно, но сепак италијанскиот дефанзивец решил да ја одбие понудата.

„Бев глупав затоа што ја одбив понудата. Имав само 16 години, играв во Серија Ц и добив голема понуда, но не се чувствував подготвен“, вели Кјелини.

По пет години пристигна понудата од Јувентус и Кјелини од тогаш настапува за „Старата дама“, со која досега настапи 518 пати и постигна 36 погодоци.