Куман се правдаше и објасни зошто Меси останал на клупата со резерви!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера се измачи против Бетис, но успеа да слави со 3-2 и така да ја продолжи победничката серија во шпанската Ла Лига.

Тренерот Роналд Куман ги изненади сите со составот затоа што реши Меси да го остави на клупата за резервни фудбалери, а Аргентинецот влезе во игра во 57. минута, кога Каталонците имаа негатива од 0-1.

Куман по натпреварот даде изјава за медиумите и објасни зошто го оставил Меси на клупата.

„Разговарав со Меси и решив да го оставам на клупата, а на теренот требаше да влезе само ако имаше потреба. Кога влезе во игра, веднаш го промени целиот натпревар. Со него сме многу подобри“, вели Куман.