Азар ги „исплаши“ навивачите на Реал Мадрид: Мора да бидеме свесни за крајот на кариерата...

Еден Азар никако да ја пронајде вистинската форма во дресот на Реал Мадрид, иако пристигна како огромно засилување од редовите на Челси.

Белгиецот пропушти многу натпревари поради проблемите со повреди, а на почетокот на годината пак се повреди и ќе пропушти уште неколку меча.

Азар сега зборуваше за медиумите и даде изјава во која насока се движи неговата кариера.

„Ќе се обидам да играм фудбал што е можно подолго. Во некои ситуации не може да дадете точни прогнози. Тешко е да се вратите по повреда, но мислам дека можам да понудам уште многу, сепак мораме да бидеме свесни за моментот кога ќе ја завршуваме кариерата“, вели Азар.