Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Челси ќе се игра на 23 февруари во Букурешт наместо во Шпанија поради пандемијата на вирусот, а тоа го потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Натпреварот ќе се игра на Националниот стадион во Букурешт на 23 февруари од 21 часот. Тој меч не можеше да се одигра во Шпанија, откако властите ги продолжија мерките и ги забранија летовите од Велика Британија со цел да го запрат новиот вирус.
Забраната ќе важи најмалку до 2 март, а реваншот меѓу овие екипи е закажан во Лондон на „Стемфорд бриџ“ на 17 март од 21 часот.
OFFICIAL: Atletico Madrid’s home tie with Chelsea in the Champions League has been moved to Bucharest because of the Spanish government’s rules on flights arriving from the UK. pic.twitter.com/PcNZrklCut
— B/R Football (@brfootball) February 10, 2021