Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Милан, Сусо, својта кариера би можел да ја продолжи во шпанската Примера.
Имено, Сусо, вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Џенова по што се врати во Милан. Сепак, тешко е да се очекува дека ќе остане на “Сан Сиро” и наредната сезона, а кариерата би требало да ја продолжи во Шпанија.
Според пишувањето на шпанските медиуми. Сусо се наоѓа на мета на Реал Бетис кој е спремен да плати пет милиони евра за неговите услуги. Во дресот на Џенова Сусо одигра 19 натпревари и постигна шест погодоци.
Милан за него плати 1.3 милиони евра, а благодарение на добрите односи со Џенова би можел добро да заработи од овој фудбалер. Сусо во Милан пристигна во 2015 година од Ливерпул.