Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат во декември минатата година, откако четвртиот судија беше обвинет дека расистички го навредил Пјер Вебо.
Дуелот беше одигран следниот ден со нови судии, а романскиот арбитар Себастијан Колетску доби огромен број критики и закани преку социјалните мрежи.
УЕФА отвори истрага поради целиот случај и беа прегледани многу снимки и докази, а според романските медиуми, донесена е конечна одлука, а тоа е дека во Париз немало расизам.
„На тој натпревар не постоеше расизам. Романските судии го користеа зборот „негро“ за да го идентификуваат Вебо, но тој збор во романскиот јазик нема навредливо значење“, пишува „Про Спорт“.
BREAKING NEWS: According to Romanian paper PRO Sport UEFA’s inquiry regarding the incidents at PSG vs Basaksehir involving the Romanian refs concluded it was NO CASE of racism in Paris! pic.twitter.com/pHanllPqkk
— Emanuel Roşu (@Emishor) February 11, 2021