Мегваер по ремито се налути поради ВАР, а му одговори и на Клоп!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Манчестер јунајтед освои само бод против ВБА и навивачите на тимот не можат да бидат задоволни, туку веднаш ги критикуваа своите омилени фудбалери.

„Црвените ѓаволи“ со ова реми дополнително ги намалија шансите во борбата за првото место, а во 61. минута од вчерашниот меч забележавме еден спорен момент.

Капитенот на Манчестер, Хари Мегваер падна во казнениот простор на противникот, по што судијата покажа пенал, но по прегледување на ВАР одлуката беше променета.

„Бев сигурен дека е пенал. Откако луѓето од другите тимови почнаа да зборуваат за нас, ништо не добивме. Почуствував контакт на рамото, ме влечеше и паднав. Минимално, но тоа е за пенал. Не го разбирам судијата и неговата одлука“, кажа Мегваер и притоа мислеше на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.