Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона прво даде гол од пенал против ПСЖ, а потоа прими четири и доживеа дебакл на „Камп Ноу“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.
Тренерот Роналд Куман по натпреварот не беше премногу вознемирен по тешкиот пораз во осминафиналето, односно не делуваше така додека даваше изјава за медиумите.
„Првото полувреме беше многу добро, имавме добри моменти во мечот кога ја имавме топката. Добро се браневме, се обидовме да ги притиснеме и кога тоа не беше можно. Пробавме да се вратиме и да го затвориме просторот, поради брзината на Мбапе. Ќе се обидеме да учиме од вечерашните грешки“, вели Куман.