Реал Мадрид дозна лоша вест пред дуелот со Ваљадолид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го пропушт мечот против Ваљадолид во шпанското првенство поради повреда.

Тренерот Зинедин Зидан кажа дека францускиот напаѓач не е подготвен да заигра ниту во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони против Аталанта.

Бензема сезонава одигра 28 натпревари, на кои постигна 17 голови, а Зидан во следниот меч ќе може да смета само на еден напаѓач, и тоа Маријано Дијаз.

Реал се наоѓа на втората позиција во шпанското првенство со 49 бодови, односно шест помалку од лидерот Атлетико Мадрид.