Капело: Ова е сомнително, прво беше оштетен Лацио, а сега Аталанта…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фабио Капело, легендарниот италијански тренер, го обвини судијата Тобијас Штилер дека го уништил натпреварот меѓу Аталанта и Реал Мадрид.

Италијанскиот стратег вели дека одлуката на судијата била разочарувачка.

„Играчот на Аталанта не беше последен фудбалер пред голманот. Жолт картон би била вистинската мерка, а црвениот не може да се објасни. Го уништи овој натпревар. Претходно беше оштетен и Лацио против Баерн Минхен, исто е сега и со Аталанта. Ова станува сомнително…“, вели Капело.

Аталанта загуби во првиот меч од осминафиналето од Реал Мадрид со 0-1, додека Лацио загуби од Баерн Минхен со 1-4.