Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо е еден од ретките спортисти кои немаат ниту една тетоважа на нивното тело, за разлика од многу играчи кои решија да го украсат своето тело.
Сите се изненадени зошто Роналдо нема тетоважи по телото, а и тој често зборува за тоа. Во интервју за италијанските медиуми Португалецот повторно објасни зошто не сака да се тетовира.
„Повеќе пати зборував за тоа и интересно е што луѓето воопшто ги интересира. Не сакам да се тетовирам затоа што во таков случај не би можел да донирам крв. Вака немам тетоважи и често давам крв за да им помогнам на тие кои им е потребно. Мислам дека сите треба да донираме крв“, вели Роналдо.