Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот напаѓач Едисон Кавани ќе го напушти Манчестер јунајтед по само една сезона мината во премиерлигашот, а тоа го потврди неговиот татко.
Кавани во октомври потпиша за Манчестер јунајтед како слободен агент и потпиша соработка до јуни 2021 година, но таа нема да му биде продолжена на уште една сезона.
„Син ми не е среќен во Англија и сака да се врати во Јужна Америка. Сака да биде блиску до неговото семејство. Нема намера да остане во Јунајтед и ќе си замине во јуни. Почнати се преговорите и би можел да заигра за Бока јуниорс“, вели неговиот татко.
Кавани сезонава настапи на 25 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна седум голови.