Планот на Меси: Уште две сезони во Европа, па потоа во екипата на Бекам?

Елиминацијата на Барселона од ПСЖ ги активираше шпекулациите за заминувањето на Лионел Меси од каталонскиот гигант.

Аргентинецот има договор до крајот на сезоната и има опција да го напушти „Камп Ноу“ како слободен фудбалер.

Тоа што уште не е познато е дали Меси ќе замине од тимот или ќе остане во Барселона бидејќи се смени раководството, а потоа и претседателот на клубот.

„Кадена Сер“ објави дека Меси има намера следните две години да ги игра во Европа, а потоа да се пресели во Интер Мајами, односно тимот на Дејвид Бекам.