Зидан не може да објасни што се случува со Азар


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар одигра 15 минути за Реал Мадрид и повторно се повреди, а тренерот Зинедин Зидан кажа дека тој ќе паузира од четири до шест недели.

Зидан зборуваше за оваа тема пред натпреварот против Аталанта.

„Нешто чудно се случува со Азар. Во кариерата претходно беше повреден само неколку пати, а сега му се случува константно. Немам објаснување. Сите сакаме да му помогнеме. Ги молам навивачите за трпение бидејќи ќе го дочекаме вистинскиот Азар. Сите знаеме каков играч е. Се надевам дека наскоро повторно ќе биде со нас“, изјави Зидан.

„Кралевите“ го купија Азар за 160 милиони евра пред година ипол, а досега Белгиецот има повеќе повреди отколку постигнати голови и асистенции.