Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар утре ќе се соочи против Нексе во рамки на СЕХА-лигата, а овој меч доаѓа во незгоден период поради репрезентативните обврски на ракометарите.
Меѓутоа, Вардар нема толку лесно да се откаже од триумф против Нексе и ќе даде максимум на теренот.
„Тоа ќе биде меч што доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ репрезентативната недела имавме само 7 играчи и два голмани, и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Ќе бидеме со редуциран состав и одиме кај Нексе. Начинот на игра на Нексе не е сменет, променето е само начин на транзиција, мали детали во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро. Поразлично е дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што нѐ чека. Ќе одиме со 13 играчи и 3 голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“, изјави Алушовски.
Нексе и Вардар играат утре во терминот од 17:00 часот.
Фото: Денис Дуковски/РК Вардар