Глупоста во одбраната на Аталанта ја казни - Бензема! 🎥

Реал Мадрид води со 1-0 против Аталанта во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ постигнаа гол за водство во 34. минута по голема грешка во одбраната на италијанскиот тим.

Асистент беше Лука Модриќ, а Бензема без проблеми ја смести топката во мрежата на гостите од Италија.