Почина поранешниот фудбалер на Вардар – Мирко Илиевски!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска ни пристигна тажна вест затоа што почина Мирко Илиевски, поранешен фудбалер на Вардар и еден од најзаслужните што македонскиот тим го освои Националниот Куп на екс-Југославија во 1961 година.

Илиевски беше еден од асистентите на мечот против Вартекс во Белград (2-1) и така му помогна на Вардар да стане освојувач на Купот на поранешна Југославија.

Илиевски, кој е познат и како Брбале, настапуваше за екипата на „црвено-црните“ во период од осум години, односно од 1956 до 1964 година, а притоа одигра 325 меча и постигна 89 голови.