Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот тренер уште е на одмор по отказот од Јувентус пред две години, а Масимилијано Алегри вели дека пред три години не сакал да седне на кормилото на Реал Мадрид.
Тренерот кој успешно го предводеше Јувентус со години засега не размислува да се врати на работа, иако постојат многу шпекулации за неговата иднина.
„Кога ми се јави Реал Мадрид пред три години, му ветив на Јувентус дека ќе останам. Тоа е единствен тим кој го одбив“, откри Алегри за медиумите.
По таа сезона Јувентус му даде отказ, а на клупата пристигна Маурицио Сари, но остана само една година, по што пристигна Андреа Пирло, кој не се прослави во првата сезона на кормилото.
„Пирло е во Јувентус и засега му оди добро, барем јас така мислам“, вели Алегри.