Најава за астрономски трансфери: УЕФА ќе го укине финансискиот фер-плеј!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) планира да го укине финансискиот фер-плеј, кој беше воведен пред неколку години со цел да се спречат европските гиганти во трошењето на премногу пари.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери објави дека УЕФА преговара за укинување на финансискиот фер-плеј и ќе биде воведен нов систем, кој ќе им дозволи на тимовите да трошат повеќе пари.

Ова значи дека богатите клубови повторно ќе добијат можност да трошат огромни суми на пари за трансфери, како што тоа беше во 2017 година, кога ПСЖ го купи Нејмар за 222 милиони евра.