Не сакаше да замине во Барселона, направи лажен договор, но не се прослави на „Камп ноу“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Барселона како и секој гигант во претходните две децении има скапо платени промашувања. Во 2014 година го ангажираа Жереми Матју, кој за три години во тимот не се прослави.

Интересно е тоа што францускиот дефанзивец не сакал да се пресели во Барселона, но на крајот сепак ја напушти Валенсија.

„Не сакав да заминам во Барселона. Кога ми се јавија бев капитен на Валенсија. Уживав во животот и се запрашав, зошто би си заминал? Кога добив договор од Барселона, направив нов на кој платата беше еднаква на таа која ја имаше во договор на Каталонците. Му реков на директорот, ако ми го дадеш ова, ќе останам. Ми кажа дека не би требало да има проблеми, но претседателот одби. Се налутив и заминав од тимот“, вели Матју.