Милан го отпиша Манџукиќ, три тима се борат за неговиот потпис

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да остане во Милан следната сезона, барем така објавија италијанските медиуми.

Манџукиќ од пристигнувањето во Милан одигра само пет натпревари, а во договорот имаше клаузула за да ја продолжи соработката, но очигледно Хрватот нема да остане на „Сан Сиро“.

Почнаа шпекулациите за иднината на Манџукиќ, а дел од медиумите пишуваат дека Хрватот ќе остане во Италија, откако за него интерес покажале Фиорентина, Верона и Болоња.

Не е исклучена можноста и за враќање во Азија, а Манџукиќ уште не размислува да ја заврши богатата кариера.