„Барди имаше тешка недела, но ги реши проблемите и сега е подготвен за нови предизвици“

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се соочи со проблеми со шпанската полиција пред неколку дена, откако тие сметаа дека имал лажна возач дозвола.

Барди веднаш ги отфрли овие обвинувања од полицијата и соопшти дека наскоро случајот ќе биде решен.

Сега се јави и тренерот на Леванте, Пако Лопез, кој кажа дека проблемот е зад Барди и дека тој може да се фокусира на фудбалските терени.

„Барди имаше проблеми минатата недела, но сега тие се решени. Имаше тешки моменти, но тој е одговорно момче, па иако се соочуваше со таков проблем, на тренинзите беше максимално посветен. Воодушевен сум од него“, кажа тренерот на Барди.