Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла повторно излезе во јавност со нови податои, а тие се однесуваат на трошоците на легендарниот фудбалер во последните седум години.
Марадона од 2014 година потрошил 4,5 милиони долари на поранешни жени, девојки и неговите ќерки.
Најмногу пари му потрошила поранешната сопруга Росио Олива, која добивала подароци. Една од неговите жени, Оједа добила 900.000 долари, и тоа преку авионски патувања, подароци, мобилни телефони и други работи.
Првата жена Клаудија исто така добила 900.000 долари, а ќерките Далма и Џанина потрошиле по 550.000 долари.
Марадона не можел да одбие ниту помош за мајката на Олива, на која за лекување ѝ платил дури 350.000 долари.